еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Поранешниот премиерот на Романија, Драгнеа во затвор, Романците го испратија со пцовки

Поранешниот премиер на Романија, Ливиу Драгнеа, лидер на владејачката Соцјалдемократска партија, кој важи за еден од најмоќните политичари во земјава, денеска сам се пријави на отслужување на затворската казна од 3,5 години.

Тој на отслужување на затворската казна беше „испратен“ од бројни граѓани со пцовки и овации и новинари од пред неговата куќа и затворот.

Тој е осуден за злоупотреба на службената должност и корупција, односно дека го употребил неговото влијание за да обезбеди лажни работни места за две жени од неговата партија.

Претходно, Врховниот суд ја одби неговата жалба и му даде 24 часа сам да се пријави во затвор.

Во 2016 година, пак, тој беше прогласен за виновен во друг случај поврзан со местење на избори, поради што му беше забрането да ја врши премиерската функција, иако неговата партија победи на изборите.

Видео: Radio Europa Liberă – Moldova/euronews (in English)/Фото: Robert Ghement/EPA/EFE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски за францускиот предлог: Или ќе се „бугаризираме“, или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ

Редакција

Каков имот пријавил Сашко Георгиев, новиот претседател на Судскиот совет

Редакција

Во недела започнува летното сметање на времето: Часовникот се поместува еден час нанапред

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница