еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Повеќе од 100.000 руски окупатори се наоѓаат на наша територија, подмолно пукаат врз станбени згради, вели Зеленски

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека во Украина има повеќе од 100.000 руски окупатори, јави украинската државна агенција Укринформ.

Зеленски оваа информација ја сподели во разговорот со индискиот премиер, Нарендра Моди.

„Разговарав со индискиот премиер Нарендра Моди и го информирав за текот на гнасната руска агресија на Украина.

Повеќе од 100.000 окупатори се наоѓаат на наша територија. Подмолно пукаат врз станбени згради. Ја повикав Индија да ни даде политичка поддршка во Советот за безбедност на ОН да го запреме агресорот заедно!“, напиша Зеленски на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ги отфрлила преговорите, Путин дал наредба армијата да продолжи со нападите и да напредува по копнен пат

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слаб интерес: Обезбедена конвалесцентна плазма за третман на само 31 пациент со Ковид-19

Редакција

Клучни наоди од Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2020 година

Редакција

На повидок кластери „ВМРО-ДПМНЕ“ и „СДСМ“: Политичката криза ја прогласи короната за мртва

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница