еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Пожарот меѓу Богданци и Дојран делумно ставен под контрола

Делумно е ставен под контрола пожарот меѓу Богданци и Дојран што избувна денеска на пладне на планината Карабалија, во атарот на селото Селемли, во близина на границата со Грција.

Како што изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, горат уште два краци.

-Со дејствување на двата авиона „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), но и на локалните пожарникари од Гевгелија и Дојран, спречено е проширување на пожарот кон полето, рече Ангелов.

Според него, големиот пожар е на линијата на фронтот од Првата светска војна и досега се слушнале дваесетина детонации од експлозивни направи и истрели од куршуми од голем калибар.

-Тоа го усложнува гаснењето на пожарот, бидејќи ја загрозува безбедноста на пожарникарите, но и на леталата. Авионите пристапуваат внимателно и исфрлаат вода од повисоко, додаде Ангелов.

Во прилог на гаснењето на пожарот оди и ветрот кој го насочува огнот кон изгорените делови и, според директорот на ЦУК, има можност во наредните неколку часа пожарот целосно да биде локализиран. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Голем пожар на границата со Грција, експлодираа четири гранати од Првата светска војна

Фото: ДЗС/Видео: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словенечкиот претседател Пахор до Пендаровски: Да беа Словенците Бугари ќе немавте проблем

Редакција

Најмногу празни станови има во Скопје: Над една третина од становите во земјава се празни, покажуваат податоците од Пописот

Редакција

Истражување на ЦГК: Град Скопје лидер во трошење за јавни набавки, лани склучил тендери вредни 31 милион евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница