еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Претреси во Идризово, пронајдени поголема сума пари, мобилни телефони, таблет….

Во извршени претреси во Казнено-поправната установа Идризово Скопје во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа, пронајдени се поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена, информираат од МВР.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, информираа денеска од МВР, спровеле координирана полициска акција во „Идризово“, во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.

– Како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка, извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, се наведува во соопштението од МВР.

Останатите пронајдени предмети за време на претресот, како резултат на постапувањето по наредби за претрес, издадени од судија за претходна постапка, ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Фото: Влада/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седуммесечно бебе починало на Клиниката за детски болести

Редакција

Општина Сарај ниту ќе ги легализира, ниту ќе ги урива дивите платформи на Матка

Редакција

СЗО: Пандемијата на Ковид-19 не е ни близу до крајот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница