еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Протести од историски размери во Белорусија: Лукашенко по 26 години наиде на отпор

Илјадници граѓани се собраа на протестот во Минск, Белорусија против изборните резултати според кои 80 отсто од гласовите ги добил Александар Лукашенко, контроверзниот лидер кој веќе 26 години е на чело на државата.

Станува збор за протести какви што досега биле несфатливи за оваа земја.

Неговата противкандидатка на изборите Светлана Тихановскаја која пребегна поради страв од реперкусии порача дека е подготвена да стане лидер на Белорусија и повика да се повторат изборите.

„Јас сум подготвена да преземам одговорност и да дејствувам во овој период како национален лидер, за да може државата да се смири и да влезе во нормален ритам, за да ги ослободиме сите политички затвореници, и во најбрз можен рок да подготвиме законодавна рамка и услови за организација на нови претседателски избори“, вели Светлана Тихановскаја.

Од друга страна Лукашенко обвинува дека протестите се организирани од странски фактори и дека повторни избори не доаѓаат предвид.

Лукашенко ја има поддршката на Русија, додека францускиот лидер Емануел Макрон побара од европските земји да ги поддржат мирните протести на опозицијата во Белорусија.

Фото/Видео: Youtube/Guardian

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ременски, Боки 13, Мандиќ на суд: Почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција

21-годишно момче загина во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Редакција

(Фото) ВВ „Тиквеш“ ја промовираше новата автоматска линија за полнење на вино во стаклена амбалажа – инвестиција вредна 4,2 милиони евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница