Новата руска ракета „Авангард“, која може да носи нуклеарни и конвенционални боеви глави денеска беше успешно тестирана.
Тестирањето на новата хиперсонична ракета, која предизвикува страв и трепет кај руските противници го проследи и претседателот Владимир Путин.
За време на тестирањето хиперсоничниот крстосувачки блок извршил сложена траекторија на летање и успешно ја погодил условната цел на полигонот Кура.
Веднаш по успешното практично испитување на „Авангард“ претседателот ги пофали сите луѓе кои работат на создавањето на ова оружје кое се ноаѓа пред своето време, како и војниците кои успешно ги реализираа сите поставени задачи.
Фото/Видео:Youtube/Sputnik