еМагазин
Свет

(Видео) Руски ловци еден час се „закачија“ за американски воен авион над Средоземното Море

Еден час траела воздушната опсада над воен авион од патролата на американската морнарица на Средоземното Море од страна на два борбени ловци на Русија.

„Третпат за два месеца, руски пилоти вчера летаа на небезбеден и непрофесионален начин за време на пресретнувањето на авионот Посејдон П-8А на поморската патрола на американската морнарица на Шестата флота“, се наведува во соопштението од морнарицата.

Пресретнувањето било небезбедно и непрофесионално поради тоа што руските пилоти симултано се приближиле до крилата на авионот П-8А, со што го ограничиле безбедното маневрирање на авионот.

Пентагон на 15 април пријави дека руски авион Су-35 пресретнал американски авион Посејдон П-8А над Медитеранот. Американската морнарица и тогаш наведе дека пресретнувањето било небезбедно.

МИА/Фото/Видео: Drive/Youtube/USNI news video

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајден ја подржа Камала Харис да се кандидира за претседател на САД, откако тој се повлече

Редакција

Нуклеарната електарана Запорожје е исклучена „како мерка за безбедност“, велат од „Енергоатом“

Редакција

Во Газа досега загинале 9.770 лица, од кои 4.800 се деца, а 2.550 жени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница