еМагазин
Свет

(ВИДЕО) Рускиот бизнисмен Ротенберг тврди дека палатата од 1,3 милијарда долари е негова, а не на Путин

Рускиот бизнисмен Аркадиј Ротенберг тврди дека тој го поседува луксузниот недвижен имот за кој неодамна видео објавија од руската антикорупциска фондација на опозицискиот лидер Алексеј Навални, во кое се вели дека имотот е во сопственост на рускиот претседател Владимир Путин.

Ротенберг, кој е близок и доверлив човек и поранешен партнер во џудо на Путин, вели дека ја купил палатата пред две години.

Ротенберг се смета за еден од најбогатите луѓе во Русија. Исто така е на списокот на Русите санкционирани од Западот по војната во источна Украина, пренесува ДПА.

И Путин негираше дека имотот му припаѓа нему или на неговите блиски роднини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Навални објави афера за „Палатата на Путин“ вредна 1,3 милијарди долари

Фото/видео: Алексей Навальный/You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО започна со вежби со нуклеарно оружје во Европа

Редакција

Германија сепак не ја укинува изолацијата за инфицираните со коронавирусот

Редакција

Зеленски ја оцени како историска одлуката на Хашкиот суд за апсење на Путин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница