еМагазин
Image default
Ретро

(Видео) Се одбележуваат три децении: Како изгледаше падот на Берлинскиот ѕид

Денес изминуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид, кој беше изграден во 1961. година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој беше под контрола на западните сојузници од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која беше под силно влијание на СССР.

Sидот стана највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.

Поради ненадејната изградба на ѕидот тогаш многу семејства останаа поделени. Sидот беше целосно урнат кон крајот на 1989, освен еден дел кој и денес стои како спомен на тоа време.

Во текот на 28-годишната поделба официјално 136 луѓе биле убиени од граничните единици на Источна Германија обидувајќи се да пребегнат во Западен Берлин. Некои тврдат дека таа бројка изнесува многу повеќе.

Кога на 9 ноември 1989, по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објавила дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин, источногерманците се искачуваа и го преминувале ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна.

Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот биле искорнати од одушевениот народ и од ловци на сувенири, а по неколку недели ѕидот речиси целосно бил отстранет со градежна механизација.

Падот на Берлинскиот ѕид бил првиот чекор во обединувањето на Германија кое се завршило на 3 октомври 1990. година.

Фото/Видео: Time/Youtube/NocommentTV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) 300 илјади граѓани во 1947 година го пречекаа во Бугарија „диктаторот“ Тито

Редакција

(ВИДЕО) К-15 визионери: Цацко, Тошо и „нашата земја“ хит на Твитер

Редакција

(ВИДЕО) Заборавено интервју со Никола Тесла: Човекот што го измисли 20 век

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница