еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Видео) Се пали на отворено пред Собрание, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не реагира

„О2 Иницијатива“ на нивната фејсбук-страница објавија видео од загадување на воздухот во центарот на градот и никаква реакција од страна на надлежните.

„Се пали на отворено пред Собрание во импровизирано ќумбе од буре, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не рагира.

Постојат ли служби во Собрание на Република Македонија за обезбедување? Постои ли еден пратеник што е на работа во 8.30 ч и не го видел ова? И никој не реагира? Немаат публика или спремен говор колку се загрижени за загадувањето, па не можат да излезат да им објаснат на луѓево дека НЕ СМЕАТ, дека е забрането со закон, дека е штетно пред сè за нив!

И сето ова е на 100 метри од градска болница, Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“-Скопје, во центар на метрополата што конкурира за Зелена престолнина. На реакцијата дали знаат дека е забрането, одговорот е: Па полиција гледа и ништо.

И затоа ни се случува ова, фрази, семинари, трибини, говори, програми, а на терен и во суштина НИШТО“, велат од „О2 Иницијатива“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерките против загадувањето прекинуваат да важат од утре, освен за Струмица

Редакција

Струмица и Тетово два дена по ред со екстремно загадување

Редакција

Директорот на „Скопје Север“ не гледа ништо спорно што топланата го користи загадувачот мазут

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница