еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Се пееше „Македонија славна“: Тензично и инциденти на прославата на Денот на независноста на Грција

Вчерашното обележување на Денот на независноста на Грција не помина без тензии, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

За прв пат властите во Грција забранија на официјалните паради низ земјата, пароли и слогани против Македонците, Турците, Албанците… но, сепак се случија неколку инциденти во Кожани, Трикала…, Јанина, каде студенти марширајќи на парадата ја пееа националистичката „Македонија славна“, (песна, воен марш, која ја пееле грчките војници на време на балканските војни), Катерини, каде беше вербално нападнат пратеник на Сириза, по завршувањето на парадата, во Солун каде насобраниот народ за парадата скандираше дека „Македонија е грчка“ и ја пееше „Македонија славна“, а на музиката на „Македонија славна“ маршираше и единицата на гардата на претседателот во Атина… пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) За што се пее во грчката “Македонија славна“

Видео: Νίκος Σαλέπης trikalaola/lefteria nikolaos/Epirus TV NEWS/Wepost gr/Proto Thema

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Војна со ракети“ за Велигден на грчкиот остров Хиос

Редакција

(Видео) На Грција и се случува Србија, нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи

Редакција

(Видео) Вучиќ побарал од Путин помош за Косово: Србија не сака во НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница