еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Се укинува техничката Влада: Премиер на ДУИ во последните 100 дена

Дел од коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ е укинување на техничката Влада, техничкиот премиер и техничките министри, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој додаде дека последните 100 дена Владата ќе ја води премиер кој ќе го предложи ДУИ, а кој ќе биде одобрен од коалициските партнери.

Многу сум убеден дека оваа коалиција, ова партнерство за уште четири години ќе биде најуспешното, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети, по средбата со Заев.

„Идејата беше за доближување, порака за преземање одговорност од Албанците за заедничка држава. Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа Влада“, рече меѓу другото Ахмети, додавајќи оти идејата била да се доближат граѓаните и заедниците, а не да се раздвојат.

🔴[Во живо:] Изјава на претседателот на СДСМ Заев, по средба со претседателот на ДУИ, Ахмети

🔴[Во живо:] Изјава на претседателот на СДСМ Заев, по средба со претседателот на ДУИ, Ахмети

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Вторник, 18 август 2020

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СДСМ и ДУИ се договорија за нова Влада: Зоран Заев ќе биде премиер

Фото/Видео: Фејсбук/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крсто Мукоски вели дека не размислувал да се врати во ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Брако e еден од најголемите производители на жичани производи во регионот

Редакција

Угостителските услуги поскапи за за 17,4% на годишно ниво

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница