еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Шекспировски заплет во Британија: Што всушност ќе донесе Брегзит?

Очите на европската, но и на светската јавност повторно се свртени во Британија поради новонастанатата драма околу Брегзит. Откако опозициските пратеници и бунтовниците од владејачкото мнозинство изгласаа преземање на контролата врз дневниот ред и можност за одложување на Брегзит без договор со ЕУ, премиерот Борис Џонсон се закани со нови предвремени избори.

Противниците на Брегзит победија во гласањето со 328 наспроти 301. Премиерот и лидер на Конзервативната партија, Џонсон, од партиските тела суспендираше 21 пратеник кои синоќа го поддржаа започнувањето на процедурата за спречување на Брегзит без договор.

Последиците од Брегзит во Британија се чувствуваат и сега. Се проценува дека околу илјада милијарди долари и 220 банки се преселиле од Британија во Европската унија од изгласувањето на Брегзитот во 2016 година.

Според американската агенција Блумберг, пред заминувањето на Британија од ЕУ најавено за 31 октомври, се забрзува и бегањето на финансискиот капитал од со децении неприкосновениот банкарски центар на Европа.

Само во минатиот месец водечките светски осигурителни компании со седиште во Лондон префрлиле бизнис вреден околу 75 милијарди долари и тоа во Даблин, Луксембург, Франкфурт и Париз.

Фото/Видео: Dhaka tribune/Youtube/Chanel 4/TLDR News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избегнувајте патувања во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии, апелира МНР

Редакција

Нов биланс: Од коронавирусот во светот заразени 93.191, досега починале 3.203, а 50.984 лица оздравеле

Редакција

Мијалков на повтореното судење за „Трезор” се изјасни за невин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница