еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Шлаканицата од Вил Смит за Крис Рок, го засени успехот на „КОДА“ на годинешниве Оскари

Шлаканицата од актерот Вил Смит за водителот на годинешново доделување на Оскарите, комичарот Крис Рок, во втор план го стави успехот на најдобрите филмови.

Шамарот за Рок, следеше откако тој се пошегува на сметка на сопругата, Смит, Џејда Пинкет Смит.

Додека другите во публиката се смееја, шегата воопшто не му се допадна на Смит, кој истрча на сцената и му удри шлаканица на комичарот.

„Држи го името на мојата сопруга од твојата е…а уста“, рече Вил Смит кога се врати и седна.

Подоцна, откако го доби својот Оскар за главна машка улога во филмот „Кралот Ричард“, посветен на тенисерките, сестрите Серена и Венус Вилијамс, Смит низ солзи се извини за постапката.

Кој доби Оскар?

Филмот „КОДА“ на режисерката Шан Хедер го освои Оскарот за најдобар филм.

„КОДА“ доби и Оскар за најдобра машка споредна улога, кој го освои глувиот актер Трој Коцур и Оскар за најдобро адаптирано сценарио. „КОДА“ е кратенка за „Дете на глуви возрасни“.

Мрачниот вестерн „Моќта на кучето“ на режисерката Џејн Кемпион, доби Оскар за режија. Таа е третата жена која освоила Оскар во таа категорија.

Џесика Честејн доби Оскар за женска главна улога во филмот „Очите на Тами Феј“

„Дина“ на Денис Вилнев освои четири Оскари во техничките категории.

Целата листа на сите добитници, ОВДЕ.

На 94. церемонија на Оскарите, со едноминутно молчење ѝ беше оддадена почест на Украина. За време на молкот, на екраните во театарот беа прикажани пораки кои повикуваат на помош на Украинците, како храна или медицинска опрема.

„Ве молиме да ѝ помогнете на Украина на секој можен начин“, стои во една од пораките.

Видео: Raf Productions

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пивофест во Прилеп од 1 до 3 септември, еве кој се ќе настапи

Редакција

„Е не бе, како Ева и Александра Заеви„: Твитерџиите во одбрана на синот на Силјановска што свири на кавал во парк

Редакција

(Видео) Еве како ќе изгледа аеродромот во Охрид откако ќе се реновира

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница