еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Шоуто стана реалност: Комичарот Зеленски го прегази Порошенко на претседателските избори во Украина

Речиси никој во Украина, ниту во светот не очекуваше дека 41-годишниот Володимир Зеленски ќе го победи актуелниот претседател на земјата Петро Порошенко, освојувајќи 73% од гласовите на изборите.

Светот денес бруи за комичарот што во една од најпопуларните играни серии во Уркаина глумејќи професор станува претседател. Шоуто сега стана реалност.

„Се уште не сум официјално претседател, но како украински граѓанин можам на сите држави од поранешниот Советски сојуз да им порачам да не погледнат. Ова заедно го постигнавме. Се е можно“, рече синоќа Зеленски по објавата на резултатите.

Тој водеше изборна кампања полна со шеги и смешни постови на социјалните мрежи на кои има милиони следбеници

Зеленски синоќа изјави дека неговата прва задача како нов претседател на Украина ќе биде да обезбеди ослободување на воените затвореници кои се во притвор во источна Украина и Русија.

„Задача број еден за нас е враќање на сите затвореници, сите воени заложници, нашите морнари“, изјави Зеленски.

Тој додаде ќе ја задржи прозападната ориентација на земјата и сугерира дека неговата убедлива победа може да послужи како модел за другите поранешни советски држави кои „сакаат да мрднат од закоравената политика“.

„До сите земји од поранешниот Советски Сојуз – погледнете не! Се е можно“, истакна Зеленски.

Фото/Видео: Инфореактор/Guardian news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на АНБ Бојан Христовски добил НАТО сертификат?

Редакција

Божидар Јанковски освен извршен директор станува и сопственик на франшизата на Дајнерс клуб за Македонија

Редакција

По Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, во Богданци бугарски клуб ќе добие и Цар Фердинанд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница