еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Силен ветар откорна кров од зграда во Охрид

Откорната кровна конструкција на зграда, оштетен автомобил, падната бандера, искршени гранки…, е само дел од штетата предизвикана од силниот ветер што вчера попладне го зафати Охрид.

Дел од кровната конструкција од зграда на улицата „Галичица“ паднала на паркинг и според жителите оштетила еден автомобил.

Од Територијалната противпожарна единица од Охрид за МИА потврдија дека интервенирале на кров на улицата „Галичица“, бил отстранет разурнатиот дел поради безбедносни причини, а на терен биле и екипи на јавното претпријатие „Комуналец“.

– Регионалниот центар за управување со кризи Охрид извести дека на 195 од граѓани добиле дојава дека поради силен ветар дел од кров на зграда на улицата „Галичица“ се срушил (летнал), за што била известена Територијалната противпожарна единица – Охрид и Општина Охрид.

Има и јавување од граѓанин дека е откорнат лим од ограда што ја оштетил фасадата на објект во близина, по што е постапено, информираа за МИА од Центарот за управување со кризи.

Од силниот ветер паднала и бандера на улицата „Ристо Чадо“ и дрва во близина на Општата болница и над Свети Јован Канео.

МИА/фото: МИА/видео: Ohrid1.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Охрид побеле од град: Силно невреме ги поплави улиците и предизвика штета

Редакција

Жичницата на Водно од утре со зимско работно време

Редакција

Тетовчанец тепал се пред себе

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница