еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Силно невреме во Неготино поплави објекти и трафостаница на ЕВН

Од 11.45 до 12.30 часот подрачјето на Општина Неготино го зафати невреме, пропратено со врнежи од дожд, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Врнежите беа обилни и истите предизвикаа поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН на која беше реагирано на време од страна на ТППЕ Неготино за да не дојде до прекин во електроснабдувањето.

Исто така во с.Дисан има поплава на станбен објект (куќа). ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода.

Има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Интрвенцијата траела од 12.30 до 16.30 часот,“ велат од ЦУК

Видео: Фејсбук/ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Победа во 20-тина општини, во други влегуваме во втор круг

Редакција

(Видео+фото) Претседателот Пендаровски неуморен: Си соши сако кај „Иска и Џељо“, па ја однесе Бети на концерт на Ерос Рамацоти

Редакција

„Мал Битолски Монмартр” и покрај се ќе се одржи со донации, па и со кредит ако треба, велат организаторите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница