еМагазин
Техно ТОП СТОРИИ

(Видео) Снимки од сонцето како што до сега не сме го виделе

Соларниот телескоп Инуи на Хаваите откри досега невидени детали од структурата на сонцето и изгледот на неговата површина.

„Ова се сликите со најголема резолуција од сончевата површина досега. Она за што претходно мислевме дека изгледа како светла точка – како една структура – сега е разложено во многу помали структури,“ изјави Томас Римеле, директор на проектот за соларниот телескоп Инуи.

Сликите откриваат дека површината на сонцето е прошарана со зрнести структури, како зрна злато, секое големо колку Франција.

Ова сложено ниво на детали ќе помогне подобро да се разбере однесувањето на сонцето и ќе овозможи попрецизно да се предвиди неговиот циклус на активност.

Видео/фото: НАСА/Гардијан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ се разболе пред средбата со Трамп и пред да оди во Москва

Редакција

Изјавата на Касами е дискриминаторска за македонскиот народ и сите други кои живеат во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(Фото) Традиционална честитка од Влатко Ѓорчев за Нова година со фотографија од семејството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница