еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Советник од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога

Член на Советот на општина Приштина од редовите на владејачката партија на премиерот Албин Курти, е еден од петмината уапсени вчера во Тирана при обид од Косово во Албанија да прошверцуваат наркотични средства во вредност од неколку стотици илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кај советникот од редовите на партијата Самоопределување (ВВ), Бесник Мујеци и четворицата други осомничени, од кои уште еден косовски и тројца албански државјани, полицијата пронашла 11.300 таблети екстази, со вкупна тежина од 5,090 килограми, чија пазарна вредност се проценува на околу 400.000 евра.

Албанската полиција соопшти дека, во рамки на акција именувана како „Панишер 2“, спомената група била уапсена по неколкумесечна истрага, а апсењето се случило во центарот на Тирана.

Според полицијата, осомничените ја користеле туристичката сезона за испраќање на пратките со автобуси на релацијата Приштина-Тирана, по што со изнајмени возила другата била пренесувана низ Тирана и други, главно приморски, градови низ Албанија.

Партијата на Курти, ВВ, која во општина Приштина е во опозиција, соопшти дека покренала дисциплинска процедура против Мујеци.

МИА/Видео: A2 | CNN Affiliate

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковид-19 им нанесе тежок удар на големите хотелиери од берзата

Редакција

Влезот на унгарската 4iG во Македонија неизвесен, бидејќи е стратешки партнер со кинеската Хуавеј?

Редакција

Наумоска изработува производи од бакар: Најпродавани се македонското сонце, копиите од златни маски и белегзиите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница