еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Спектакуларна ерупција со грмотевици на вулканот Кракатау

Застрашувачки спектакл предизвика силната ерупција на вулканот Кракатау кој се наоѓа во Огнениот појас на Пацификот. Тој формира архипелаг од четири главни  острови во Сундскиот теснец   во Индонезија, меѓу Јава и Суматра во Индонезија. Неговата географија била пореметена најмалку два пати во текот на две големи ерупции во 416 или 535 година и во 1883 година.

Вулканот е најдобро познат по неговата експлозија на 27 август 1883 година, една од најсилните што ги памети човекот, во која загинале неколку десетици илјади луѓе предизвикувајќи големи цунами чии бранови се почувствувале и до Европа.

Во 20 век, вулканот изродил нов остров, Анак Кракатау или „детето на Кракатау”, кој нуди поле за истражување на голем број научници.

Фото/Видео: Youtube/photovolcanica

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Комерцијална банка за прв пат отвори целосно дигитализирана експозитура

Редакција

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 4 лица, 112 пациенти се на кислородна подршка

Редакција

(Видео) Трамп јавно го понижи Зеленски, договорот за минералите остана непотпишан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница