еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Српски лекари на бесплатно патување во Египет, во јуни ќе ги носат и во Грција

Делегација од лекари од цела Србија, кои беа на првите „борбени“ редови во битката со Ковид-19 и политичари вчера заминаа на неколку дневна посета на Египет.

Станува збор за 130 лица, кои во Египет ќе престојуваат до 17 април.

Трошоците за оваа патување, како што пренесуваат српските медиуми, се обезбедени од донатори за да им се одолжат на нивната посветеност во време на пандемија, а за донациите се погржи пратеникот и лидер на партијата Единствена Србија, како и претседател на општинското Собрание на Јагодина, Драган Марковиќ-Палма, добро познат и на македонската јавност.

Тој изјави и дека се обезбедени и донатори за патување во јуни на 1.000 српски здравствени работници и во Грција.

На патот до Хургада во Египет здравствените работници во авион се забавуваа и со музика.

Фото: Палма/Фејсбук/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По реакцијата на Антикорупциска, Зоран Герасимоски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Редакција

Убава вест: 524 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 225 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница