Подготвувањето на кафе на жешок песок е традиција стара со векови, а иста во Старата скопска чаршија веќе две ипол години ја негува Бурхан Асан во неговото кафуле Ottoman caffe.
Песокот буквално го вари кафето, а истото има посебен вкус, бидејќи се вари пополека, во што се уверивме пд прва рака.
Истото го сервира со локум и кисела вода.
Во кафулето има и уникатни лимонади како лимонада од ружа и лимонада со нане, турски чај со домашни колачи, десерти, салеп и оралети со посебни вкусови, кои ги подготвува неговата сопруга.
Повеќе информации за локацијата и што се нуди оваа кафуле на официјалната страна на Инстаграм.