еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Столтенберг пристигна во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вечерва пристигна во официјална посета на Република Македонија.

Ова е прва посета на генералниот секретар на НАТО откако Македонија доби покана за членство во Алијансата, а втора од почетокот на оваа година.

На Меѓународниот аеродром Скопје, генералниот секретар беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Во една година прв пат ни се случува генерален секретар на НАТО да ја посети Македонија како земја која сè уште не е членка на НАТО-Алијансата. Светот навистина го цени ова што се случува во Република Македонија и дава силна поддршка на нашите две стратешки цели – членство во ЕУ и членство во НАТО“, рече денеска министерката Шекеринска во пресрет на посетата на високиот гостин од НАТО.

Генералниот секретар на НАТО утре ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Спбранието Талат Џафери, а првиот човек на НАТО треба да има средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со други високи официјални претставници, информира владината прес-служба.

По средбата Заев и Столтенберг ќе одржат прес-конференција.

Утре вo својата агенда покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден  каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.

Фото/видео: Министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: Најмногу во Аеродрoм, Карпош, Центар и Гази Баба

Редакција

Во судница се читаа 103 СМС пораки меѓу Јанакиески и Ставрески за „Траекторија“

Редакција

Уапсени поранешните министри Ваљон Сарачини и Беким Незири, актуелниот министер Салиу, поранешни и сегашни директори на ДЗС, за пожарот во Кочани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница