еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Тоше ни ја остави засекогаш музиката: Најубавите песни на Проески

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на музичката легенда Тоше Проески, кој на денешен ден пред 14 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Тоше беше роден на 25 јануари 1981 година и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992), каде испеал песна на влашки јазик.

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик.

Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Ве потсетуваме на неговите најубави песни:

Фото: Хит рекордс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фирми од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга… зеле пари од државата преку мерката за плати на работниците, но не им ја исплатиле

Редакција

Почна украсувањето во Скопје, ќе има новогодишна програма и дополнителни содржини за граѓаните, уверува градоначалничката

Редакција

Ново обвинение за Мерко

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница