Во терористички напад во Ница, како што го окфалификуваа француските власти, денеска се убиени три лица, а неколку се повредени.
Лицата се убиени со нож, а едно од нив е обезглавено. Како што соопшти полицијата станува збор за жена.
Нападот се случи во базиликата Нотр Дам во центарот на градот, а напаѓачот е уапсен. Еден од убиените е чувар во базиликата
Напаѓачот постојано извикувал: „Господ е голем“, додека бил приведен од полицијата.
Пред неполни две недели брутално беше убиен францускиот учител Самуел Пати, кој на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед.
Тој исто така беше обезглавен.
Видео: euronews/фото: Valery Nache/AFP