еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Ураганот Флоренс ги зеде првите жртви во САД

Ураганот „Флоренс“ ги зеде и првите жртви во Северна Каролина. Мајка и бебе загинаа кога дрво паднало врз нивната куќа, додека таткото се здобил со тешки повреди и е префрлен во болница.

Градските власти во Вашингтон уште пред некој ден прогласија вонредна состојба поради доаѓањето на ураганот Флоренс. Градоначалничката на американската престолнина Мјуриел Баузер изјави дека потпишала наредба за прогласување вонредна состојба во врска со ураганот, кој беснее во Атлантскиот Океан.

Флоренс стигна до четврта категорија на петстепената скала на Сафир-Симпсон уште пред неколку дена.

Претходно властите во четири држави – Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Мериленд, исто така воведоа вонредна состојба поради ураганот.

Фото/Видео:CBS news/Youtube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев му посака добредојде на Ципрас во Охрид

Редакција

Талевска од Мелбурн за пожарите: Terra Australis (Непознатата земја) чекори кон непознатото

Редакција

(Фото) Кој дојде на прославата на ВМРО-ДПМНЕ во МНТ?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница