еМагазин
Свет

(Видео) Вечниот конфликт продолжува: Интензивни напади меѓу Израелците и Палестинците

Израелската војска попладнево изведе повеќе воздушни и копнени напади на Појасот Газа како одговор на ракетирањето од таа палестинска територија.

Одговорот на Израел следува откако претходно денеска палестинските милитанти истрелаа над 150 ракети кон израелска територија. Поради тоа, илјадници Израелци мораа да се евакуираат во засолништа од бомби. Израелскиот противракетен систем Железна купола пресретнал десетици ракети.

Тројца палестински цивили се повредени про воздушните напади на израелските борбени авиони во различни делови на крајбрежјето, соопштија здравствените власти. Исто така, една израелска жена претрпе сериозни повреди од шрапнел.

„Борбените авиони и текнови погодија 30 терористички цели, кои припаѓаат на Хамас и Исламски џихад“, се посочува во израелското воено соопштение, дополнувајќи дека операцијата продолжува.

Војската информира дека целела неколку комплекси на Хамас во Газа сити, кои се користат за обука и за производство на оружје, и уште еден – кој го користат поморските сили..

Ниту една екстремистичка организација во Газа не ја презеде одговорноста за ракетирањето, но Хамас, под чија контрола е територијата, изрази подготвеност да одговори на „злосторствата на Израел“. Исламски џихад, исто така, предупреди на „изненадувања, доколку Израел продолжи со агресија“.

Насилството ескалираше откако вчера четворица Палестинци беа убиени, а 51 ранет во судирите со израелските долж граничната ограда. Вчера беа ранети и двајца израелски војници.

МИА/Фото/Видео: Ipoliticks/Al Jazeira

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку 130 предвремено родени бебиња во Газа се изложени на ризик поради недостиг на гориво

Редакција

Во Германија од 1 мај заразените со Ковид-19 нема да одат во задолжителна изолација

Редакција

Цената на нафтата нагло порасна, а берзите тонат по нападот на Русија врз Украина

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница