еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ го прекршува молкот и ги насочува избирачите како да постапат

Во моментов се одвива изборен криминал на организиран начин. За тој криминал има и докази. Еве ги доказите. Ова е една аудио снимка која што беше доставена до нас во која што СДСМ го прекршува молкот и ги насочува избирачите како да постапат, истакна денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Освен снимката, во текот на вчерашниот и денешниот ден се испраќаат и смс пораки од телефонскиот број 071/290-116. Јавното обвинителство мора уште веднаш да постапи и да утврди кој го поседува и бројот 075/232-352 од каде се јавувале и да извади листинг каде се биле испраќани пораки и кај кого се била вршена агитацијата. Постојат сериозни сомнежи за сторено кривично дело по член 160 од КЗ „Повреда на слобода на определување на избирачите“ за кое што е запишана казна затвор во времетраење од најмалку 3 години.

Почитувани, СДСМ и криминалниот картел на власт телефонски присилува луѓе на гласање со закани и уцени. Во време на молк преку организирани телефонски, Кол-центри, се врши притисок врз граѓани и им се даваат насоки како да постапат. Ова е класична злоупотреба на нивното гласачко право. СДСМ е до толку очаен што дури и лажно се претставуваат и даваат насоки и на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ во име на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Стоилковски.

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега вакцинирани 3.546 здравствени работници

Редакција

Таравари ќе се жали на одлуката на Судот кој му ги даде печатите на Села

Редакција

Филипче најави нови мерки: Нема прослави по дома и групирање на јавно место, маската задолжителна и на отворено

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница