еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Во акција на македонската и бугарската полиција откриена импровизирана лабараторија за синтетички дроги

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, заедно со Одделот за борба против организиран криминал на Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), преземаа синхронизирани дејствија и активности, при што вчера во Софија, е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги.

Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани.

Како што соопштија денеска од МВР, кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори.

– Истовремено, на територијата на Република Северна Македонија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и други хемиски супстанци во прашкаста и течна состојба, се наведува во соопштението.

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За ВМРО-ДПМНЕ резултатот од референдумот е фалисификат, ќе поднесе кривични против 200 лица

Редакција

Во Македонија има 659 неевидентирани лица

Редакција

Хоспитализираните со Ковид-19 на Инфективна клиника добиваат и третман со физикална терапија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница