еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Загреб се урна беспилотно летало од руско производство, не се знае дали е на Украинците или Русите

Хрватската Влада денеска објави соопштение откако во Загреб ноќеска се урна беспилотно летало.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој  престојува во Париз на состанокот на лидерите на ЕУ за ситуацијата во Украина, денеска и се обрати на јавноста, наведувајќи дека се работи за летало од руско производство.

„Според она што сега го имаме како информација, се работи за авион од руско производство. Не се знае дали бил во сопственост на руската или украинската армија“, изјави Пленковиќ.

„Се знае дека во Хрватска дошла од правец на Унгарија, а во Унгарија од правец на Романија. Знаеме дека неколку минути ја прелетала Хрватска и паднала во Загреб. Добро е што никој не е повреден и паднал на дел што не е ниту куќа ниту зграда.

Надлежните служби спроведуваат истрага“, изјави хрватскиот премиер.

„Во тек е криминалистичка истрага во соработка меѓу криминалистичката полиција и воената полиција, а се преземаат и други мерки за координација на безбедносниот и одбранбениот систем, вклучително и меѓународната соработка, особено со НАТО, за да се утврдат сите околности”, наведоа од Владата на Хрватска.

Претходно беше објавено дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило и експлодирало.

Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага.

Засега полицијата нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.

МИА/Видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во декември лани просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, 5,02%

Редакција

Благодатниот оган пристигна на аеродромот во Скопје со бугарскиот владин авион

Редакција

Од денеска македонските граѓани можат да патуваат во Бугарија со негативен ПЦР-тест

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница