еМагазин
Балкан

(Видео) Водителката Јована Јоксимовиќ на српската телевизија К1- брка гостин од емисија, поради различни ставови и изнесено мислење

Водителката и уредничка на на ТВ К1, Јована Јоксимовиќ избрка гостин од емисија. Станува збор за претседателот на движењето Ослободување, Млаѓан Ѓорѓевиќ, кој беше еден од соговорниците за руско-украинската војна.

Во еден момент Ѓорѓевиќ кажа сопствено мислење за српскиот претседател Александар Вучиќ и за неговото присуство во јавноста.

„Дали знаете која е оваа телевизија и дали Вучиќ е овде или не. Танјуг туку така го купивте, тоа сакате да ми кажете. Вие сте во систем во кој ја уништува оваа земја и се гордеете со тоа,“ ѝ рече Ѓорѓевиќ на Јоксимовиќ, по што започна недоличното однесување на Јоксимовиќ кон гостинот.

Инаку сопственици на Танјуг се сопругот на Јована, пејачот Жељко Јоксимовиќ и косоптвеничката на телевизијата К1 каде што Јована работи, Мања Грчиќ.

Разговорот заврши со тоа што беа пуштени реклами, а Ѓорѓевиќ беше исфрлен од програма.

Фото/Видео: ТВ К1/Вулинизација/You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Атика, Коринт и на Родос 118 објекти се опасни за употреба по големите пожари

Редакција

(ВИДЕО) “Сметките се на првата маса десно, зад вратата“: Грчките угостители ги предаваат клучевите од нивните објекти на Владата

Редакција

Белград и Приштина во Брисел се договорија за декларација за исчезнатите лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница