Со моќни мотори патуваат низ Грција поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, пренесуваат грчките медиуми.
Грчкиот портал „Вориа“објави дека Заев со моторцикл од 1.600 кубика пристигнал на „Делфи економскиот форум“ во Делфи, на кој беше еден од говорниците.
Заев за порталот вели дека на 22 април тргнал од Скопје и поминал низ области во западна Грција, а потоа отпатувал во областа Пелопонез, за да стигне до Делфи.
По Делфи, патувањето ќе го продолжил кон Солун, а потоа ќе замине на Халкидики, објави порталот.
Фото/видео: Voria gr