еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Заев со сопругата и министри на пригодна вечера со британскиот принц Едвард

Македонскиот премиер Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на Неговото Височество принцот Едвард на земјава.

„На вечерата премиерот Заев и Принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите на вечерата, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации“, информираа од Владата.

Во своето обраќање, Неговото Височество принцот Едвард, се заблагодари за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета, велат од Владата.

„На вечерата премиерот Заев и Принцот Едвард изразија согласност дека партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси“, велат од Владата.

Фото/Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Кичеец и Камчев и Мијалков стана жител на Охрид: Затворската казна ќе ја издржува во Струга

Редакција

Села се сретна со Ковачевски и даде подршка за „францускиот предлог“

Редакција

Османи од медиумите дознал дека компанијата која доби милионски тендер на МНР е донатор на ДУИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница