еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Заробен најблискот сојузник на Путин во Украина, Зеленски сака да го „трампа“ со момчиња и девојчиња кои се во руско заробеништво

Предлагам со Руската федерација да направиме замена, нивното момче за нашите момчиња и девојчиња кои се во руско заробеништво. Ова е предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, што го даде доцна синоќа во своето обраќање до јавноста.

Тој сака да го замени заробениот проруски политичар и близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Виктор Медведчук.

Украинската безбедносна служба соопшти дека го уапси бегалецот Медведчук, кој беше во домашен притвор поради сомнение за предавство, но, се обиде да побегне неколку дена по руската инвазија.

Медиумите пишуваат дека Медведчук се смета за најблизок и највлијателен сојузник на Путин во Украина.

Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обид за грабеж на националните ресурси на Крим, што Москва го анектираше во 2014 година.

МИА/Фото/видео: Фејсбук/Зеленски/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Презентерката и несудена конзулка, Бесмира Ејупи се вработила во МНР

Редакција

(Видео) Во пожар во хотел во Турција загинаа 76 лица, уапсен сопственикот и осум лица

Редакција

Историска средба: Владиката Партениј и монасите и монахињите од Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино на средба со Вселенскиот патријарх

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница