еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Земјотрес од 6,4 степени кај Закинтос почуствуван и во Македонија, Малта, Италија, Албанија и Либија

Земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтер, кој во 01.54 часот по локално време го погоди Јонското Море, со епицентар во морскиот дел на 44 километри југозападно од островот Закинтос, предизвика само материјална штета.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, нема информации за жртви или повредени, а предизвикана е голема материјална штета.

Голем дел од островот Закинтос неколку часа бил без електрична енергија, дел од граѓаните ноќта ја поминале на улица, а со одлука на градоначалникот училиштата денеска се затворени.

По големиот земјотрес следеле неколку други со јачина од околу пет степени според Рихтер. Земјотресот бил почуствуван и во Македонија, Малта, Италија, Албанија и Либија.

Грчките острови Закинтос, Кефалонија и Итаки, во 1953 година беа погодени од неколку силни земјотреси, при што животот го загубија над 450 лица, илјадници беа повредени, а беше предизвикана огромна материјална штета.

МИА/Фото/видео: Zante News Time | zantenewstime.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гласаше на изборите во Албанија: Курти стана првиот премиер во светот којшто гласал на избори во друга држава

Редакција

Билетите за метрото во Солун поевтини од автобуските

Редакција

Бројот на заразени со коронавирусот во Грција се искачи на 73 лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница