еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Жена главен осомничен за бомбата во Истанбул, уапсени уште 45 лица

Турската полиција објави видео од апсењето на жена, која се води како главен осомничен за терористичкиот напад во Истанбул во кој загинаа најмалку шест лица, а повредени се 81 лице.

Терористичкиот напад во Истанбул, го извршила жена, соопшти турскиот потпретседател Фуат Октај.

„Бомбата ја активирала жена“, рече тој.

Станува збор за Ахлам Албашир, државјанка на Сирија.

“Лицето кое го изврши нападот, сириската државјанка Ахлам Албашир, беше фатена жива. При сослушувањето, таа призна дека била обучена како специјален разузнавач од терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ и дека илегално влегла во Турција преку Африн-Идлиб за да ја спроведе акцијата“, соопшти полицијата.

Според министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу првите наоди од истрагата укажуваат дека за смртоносниот напад се одговорни курдските екстремисти.

Сојлу рече дека во врска со експлозијата се приведени уште 45 лица и потврди дека првите наоди од истрагата упатуваат на ПКК и нејзиниот огранок во Сирија, ПИД.

Фото/видео: Твитер/турско МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петре Филипоски купи 12.000 акции на Адинг

Редакција

Руските сили имаат за цел да го заземат источниот и јужниот дел на Украина, тврди Зеленски

Редакција

Цар Самоил преставен без никакви атрибути во новиот учебник по Историја и општество

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница