Видеото кое го објави италијанскиот весник La Verità, а кое се однесува на инволвираните во случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство руши рекорди во гледаност за наши услови.
За 24 часа има над 541 илјади прегледи.
На видео снимките се гледа како осомничените за „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), земаат пари од бизнисменот Орце Камчев, а на аудио снимката пак се споменува името на специјалната обвинителка, во заминување, Катица Јанева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новинарот кој објавува материјали за „Рекет“ се сликал со Иванов, еми Боки со кој се не се сликаше
(ВИДЕО) Нова „бомба“ од “Ла Верита“: Катица наводно му вели на Камчев дека се ќе биде ОК
Снимката на која Боки 13 зема пари од Камчев го обиколи регионов
Фото: La Verità