еМагазин
Балкан

Викендов нови построги мерки во Србија: Угостителските и трговските центри да работат до 14 часот

Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирусот денеска одлучи да и препорача на Владата на Србија угостителските објекти и трговските центри низ целата земја за време на викендот да работат до 14 часот, јави дописникот на МИА од Белград.

Продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации и лабораториите ќе работат како и до сега. Фризерските салони можат да продолжат да работат како и обично, како и доставувањето на храна.

Бензинските пумпи ќе можат да работат до 14 часот, а од 14 часот ќе можат само да точат гориво.

Нова седница на Кризниот штаб е закажана во понеделник, кога ќе се дискутира за почитување на мерките за време на викендот.

Како што беше претходно најавено, податоците за бројот на новозаболени лица во Србија не се охрабрувачки, бидејќи вчера беа регистрирани повеќе од 3.500 нови случаи.

МИА/Фото: Photo by Elena Mozhvilo on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Косово мирно, КФОР ја следи ситуацијата

Редакција

Коѕијас: Владата во Грција го поткопува Договорот од Преспа

Редакција

Каракачанов по катастрофалните резултати поднесе оставка и повика партиите да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница