еМагазин
Image default
Бизнис

Викендов се очекуваат зголемен број на посети на Саемот на мебел

На Саемот на мебел, кој се одржува по две години пауза претставени се повеќе од 40 изложувачи, со 80 брендови со богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, декоративни подлоги и елементи по атрактивни саемски попусти кои се движат од 20 до 50%.

„Како што и очекувавме, Саемот на мебел е исклучително интересна манифестација за јавноста. Викендов очекуваме зголемена фреквенција на посетители,“ изјавија од Скопски саем.

Туристичката агенција „Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот.

Саемот на мебел е со работно време од 10 до 20 часот, а во недела до 18.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на mktickets.mk и karti.com.mk.

Партнер на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој донирал за кампањата за парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Дебарски бањи – Цапа ги објави платите на членовите на Одорот на директори

Редакција

(Следете во живо) Грција не ја отвори границата, кога ќе ја дигне рапата не знаат ни од Грчка амбасада

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница