еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Викендов со дожд, снег на планините и пад на температурите

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер во јужните делови од југоисточен, а во северните од северен правец.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажен и студен воздушен бран утре вечер, во текот на ноќта и во недела времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4 степени, а максималната од 1 до 10 степени.

До понеделник снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 сантиметри нов снег.

В понеделник на места ќе провејува снег со послаб интензитет.

Од недела до среда ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата на релација Амстердам-Скопје-Амстердам

Редакција

Тримесечно бебе било малтретирано на Детска клиника, бидејќи мајката не знаела да комуницира на македонски, тврди семејството

Редакција

(Галерија) Промоција на Галичник и Меденица како дел од Виа Динарика: Приказна која мора паметно да му ја раскажеме на светот

Силвана Жежова

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница