еМагазин
Техно

Виртуелен навигатор за пациенти со карцином на дојка за 24 часовна помош и советување

За пациентите со карцином на дојка, Рош Македонија создаде апликација, дигитална алатка за 24 часовна помош и поддршка. Виртуелниот навигатор Ана преку директен и интерактивен разговор обезбедува помош и ги води пациентите со карцином на дојка низ болеста, фазите на лекување, ги информира за стадиумот, за видовите канцер и нивниот третман, одговара на сите прашања и нуди опции за теми за разговор што може да ги интересираат пациентите, а е поврзано со самата болест.

Апликацијата е достапна на интернет страницата на Рош Македонија на линкот, со овозможен пристап преку оперативните системи Windows, Android и IOS, а разговорот и одговарањето на прашањата се одвива во реално време. Покрај за пациентите, поддршката од оваа алатка е корисна и за негувателите, лицата кои се грижат за пациентите со  карцином на дојка.

Создавањето на овој виртуелен навигатор произлегува од потребата за повеќе информации за самата болест и од  комуникацијата со различни специјалисти во областа. Комплексните теми и специфичните грижи се претвораат во разговор што ќе им помогне на пациентите кои се соочуваат со ова заболување.

Во дискретно и интерактивно разговорно опкружување, пациентите добиваат корисни информации за нивното патување во текот на болеста, поддршка после и за време на часовите на изолација, загриженост и несигурност. Поддршката, помошта и едукацијата од виртуелниот аватар Ана е еднакво корисна за пациентите, негувателите и лекарите, која е повеќе од потребна во услови на пандемија.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците и Црногорците најмногу користат интернет, Србите најмногу купуваат онлајн

Редакција

Дигитализацијата на вашиот бизнис е вистинско „оружје“ во борбата против конкуренцијата

Редакција

Samsung претставува ново еколошко пакување за своите телевизори: Куќичка за миленичето или полица за списанијата од кутијата за телевизор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница