еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Виталиа“ чекор понапред во освојување на азискиот пазар

За успешните компании кои креираат иновативни производи ниеден пазар не е неосвоив. А колку тој е далечен, поголем, поразличен и на него постои голема конкуренција, предизвикот е уште поголем.

Македонската компанија за здрава храна Виталиа уште одамна го прифати тој предизвик, и храбро чекори кон освојувањето на нови конкурентни пазари.

Со таа цел е и овогодинешното учество на најголемиот азиски саем, и еден од најголемите во светот “SIAL” Шангај, на кој оваа година изложуваат над 4300 успешни светски компании на 17 различни саемски сали, а се очекува присуство на над 112.000 претставници од компании и светски ланци на супермаркети.

Целта на саемите SIAL низ целиот свет е да ги претстави глобалните трендови за храна и исхрана, да ги собере заинтересираните страни од секторот и да ги организира овие состаноци под симболот – иновација на храна.

Затоа, посебно место во рамките на саемот зазема”SIAL Innovation” штандот на кој се претставуваат најиновативните светски производи претходно оценети и избрани од посебна комисија.

На овој штанд се претстави и Виталиа со линијата на продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген, кои претставуваат нов тренд во функционалната здрава исхрана.

Самото учество во оваа избрана селекција на “SIAL Innovation” штандот е огромно признание за Виталиа, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи според потребите на модерните потрошувачи.

Саемите и индустриските изложби играат витална улога во воспоставување на лидерско место на пазарот и градење на ефикасна база на контакти. Изложувачите имаат шанса да ја презентираат најновата иновации, а истовремено да се стекнат со експертиза, да запознаат нови луѓе кои можат да бидат потенцијални клиенти и да добијат инспирација од светските трендови.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна лотарија на 30. ноември ќе ја престави новата мегазабавна интернет-плаформа MEGAWIN.MK со музички настан и мега наградна игра

Редакција

(Галерија) По успешните снимања во Сеул, македонскиот топ-модел Елена Реи работно е ангажирана во Кина

Редакција

(Фото) Македонската компанија „Хорти Експерт“ ја „разубави“ амбасадата на САД во Косово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница