еМагазин
Image default
Бизнис

Витаминка со добивка во првите шест месеци

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот јануари – јуни 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Остварените единечни вкупни приходи за првото полугодие во 2022 година изнесуваат 1.886.576 илјади денари и во споредба со остварените во првото полугодие во 2021 година бележат пораст од 42%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2021 година за извештајниот период бележат пораст од 41%.

Остварените единечни вкупни расходи за првото полугодие  во 2022 година изнесуваат 1.963.649 илјади денари и во споредба со остварените во првото полугодие во 2021 година бележат раст од 51%.

Растот на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за 2022 година за извештајниот период и континуираниот раст на цените на репроматерјалите во меѓународни рамки, предизивикани од високата инфлација и воениот конфлит во Украина“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс директорот на УЈП, Горан Трајковски влезе во Одборот на директори на Витаминка

Витаминка со зголемена добивка во првите три месеци

фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Годишен раст на депозитите од 9,9 и на кредитите од 6,4%

Редакција

Автопатот Скопје – Штип ќе биде пуштен до крајот на мај

Редакција

Јавна опомена за Пелистерка од Македонската берза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница