еМагазин
Image default
Бизнис

Виз Ер ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Скопје до 16 април

Нискобуџетната авиокопанија Виз Ер, како резултат на пролонгираните забрани за патување на сите летови од и до Македонија, ќе ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 16 април.

Компанијата денеска соопшти дека патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.

Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Виз сметката на корисникот, и ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Виз ер.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака.

Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договор од 1,4 милион евра склучи ЕСМ со „Мај комерц-леар“

Редакција

Грција од понеделник го укинува задолжителниот ковид-тест за влез во земјата

Редакција

Јавниот долг годинава 60% од БДП, во 2021 ќе се зголеми за еден до два процентни поени, прогнозира Народна банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница