еМагазин
Image default
Бизнис

„Виз Ер“ на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид

Со лет на „Виз ер“ во среда се отвора Меѓународниот аеродрoм – Скопје.

„Виз Ер“ ќе го отвори и аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле“ в четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ – Македонија, Алпер Ерсој.

Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди. Како што напомена Ерсој, патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени.

Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, како што рече Ерсој, летањето би било неисплатливо.

Патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите, потенцира Ерсој, се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите.

-Затоа авионскиот транспорт ќе биде набезбеден јавен превоз, посочи Ерсој.

Министерот за здравство, Венко Филипче кој заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески го посетија Скопскиот аеродром и имаше средба со менаџментот на ТАВ, потврди дека во среда, на 1 јули, двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, се отвораат.

Филипче информира и дека денеска ќе разговара со грчкиот колега во врска со отворањето на граничниот премин Евзони, а за влез на нашите граѓани во земјите-членки на ЕУ, веќе разговарал со претставници на Советот за здравство на Европската комисија и повторно има закажано состаноци за утре и за четврток.

Сугарески, пак, минатата недела разговарал со надлежните во „Виз ер“. Рече дека согласно Договорот за финансика поддршка, очекува од први јули да продолжат летовите што беа стопирани во март поради Ковид-19

-Протоколот на Меѓународниот аеродрoм – Скопје е според сите светски стандарди. Целосно се застапени основните заштитни мерки – дистанца, дезинфекциски средства и обврска за носење маски, а на влезот е поставена и термална камера.

Скринингот ќе продолжи, ќе функицонира и собата за изолација, изјави Филипче по посетата на Аеродромот и средбата со менаџментот.

МИА/Фото: ТАВ Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка дебата во ЕУ: Утре ќе се знае дали Грција ќе дозволи влез за македонски граѓани

Сите детали: Нови правила на ТАВ, најмалку три часа пред лет да се пристигне на аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По “журките“ без маски, пазарниот инспекторат го затвори ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица

Редакција

Владата на 138. место меѓу 1.011 државни должници: Неплатен долг од 18 милиони денари

Редакција

Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница