еМагазин
Image default
Бизнис

„Виз ер“ од денеска ги суспендира летовите помеѓеу Македонија и Италија до 31 јули

„Виз ер“ денес најави дека како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Македонија, авиокомпанијата ги суспендира сите летови помеѓу Италија и Македонија до 31 jули.  

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.

120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака.

Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети,“ информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три нафтени компании се обиделе со лажни фактури да го оштетат буџетот за околу 3 милиони евра

Редакција

Синдикатите побараа ПЦР тестовите за невакцинираните административци да ги плаќа работодавачот

Редакција

Експерт предупредува на крах на доларот следната година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница