еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 201: Од корона вирусот починаа уште осум пациенти

Од корона вирусот починаа уште 8 лица, пет од Скопје, еден пациент од Куманово и двајца пациенти од Тетово, информираат од Министерството за здравство.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни.

На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).

Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем“, велат од Министерството.

Вкупниот број на починати од Ковид-19 се искачи на 201.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир надмина 300: Како изгледа бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Нови 134 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 97

Убава вест: Оздравени 34 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.757

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Куманово накитено за новогодишните празници

Редакција

(Фото) Благороден и необично духовит татко: Пендаровски, кој оди во вториот круг од претседателските избори приватно

Редакција

Румена Бужаровска е новото големо име во ТРИ: Женскиот глас што надалеку се слуша, во ново издание

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница