еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 441: Во Тетово нови 4 лица починаа од Ковид-19

Четири лица на возраст од 63 до 74 години хоспитализирани во тетовската Клиничка болница се починати како последица од Ковид-19 во изминатите 24 часа, информираат од ковид центарот.

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, заклучно со 2 септември во тетовскиот регион во текот на пандемијата 441 лице починало поради Ковид-19.

-Изминатите 24 часа до седум часот утринава примени се нови девет пациенти. Во моментот има 106 хоспитализирани од кои 104 се на кислородна поддршка. Во текот на овие 24 часа дома се пуштени девет луѓе, информира д-р Гзим Нуредини од ковид центарот.

Бројот на прегледи и контроли во амбулантскиот дел на ковид центарот изнесувал 149.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Јосифов“ го доби тендерот на Апелацискиот суд Битола за набавка на автомобил вреден 32.500 евра

Редакција

Зоран Пухач за „еМагазин“: Земјите во ЕУ не воведуваат забрани, туку квалитетно ја регулираат индустријата на игри на среќа

Редакција

Oбезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница