еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 570: Нови 15 лица заболени со коронавирусот во Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека во Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирусот.

Четири се во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга и Штип.

Со тоа вкупниот број на заболени со вирусот достигна 570.

По градови моментално заболени со вирусот има од Скопје, Куманово, Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка, Радовиш, Крушево и во Кочани.

Новодијагностицираните се потврдени од направени вкупно 202 тестови, а просекот во изминатиот период на ден изнесува 350.

Намалениот број, рече Филипче, се должи на тоа што во недела се намалени капацитетите во однос на дежурства и луѓето што работат во лаборатории, а од денес продолжува истиот просек на направени тестови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18 деца во Македонија до деветгодишна возраст се заболени од корона вирусот

Епидемиологот Микиќ: Постојат индиции дека можеби БСЖ-то создава отпорност на корона вирусот кај некои лица

Вкупно 22: Нови 3 лица починаа од коронавирусот

Инфектологот Микиќ: Смртноста од корона вирусот е под 4%, но мора следниот период да го заштитиме системот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Шарена гимназија: Учениците ја разубавија „Орце Николов“

Редакција

Конечна детална листа: Која партија по колку советници доби во Советот на Град Скопје

Редакција

Бугарската православна црква ќе мора да ја признае Македонската црква, вели бугарскиот црковен аналитичар Благоев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница