еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ја оценува безбедносната ситуација во државава за стабилна

Врз основа на информациите кои се споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во Македонија како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, ве информираме дека не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста, велат од Владата за МИА, во врска со последните случувања на Косово.

-Безбедносната состојба во државата, во корелација со случувања на Косово, е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања, сите институции задолжени за безбедноста се максимално будни.

Ги осудуваме настаните кои се случија денес и даваме целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот, велат од Владата.

Од Владата апелираат „за продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени на мирен и демократски начин, и во функција на напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во хотел во близина на манастирот Бањска, во кој се напаѓачите на косовската полиција

Убиени тројца од групата која уби косовски полицаец во северно Косово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Максим Димитриевски, кандидат за претседател на државата на ЗНАМ

Редакција

Седум новозаболени од Ковид-19 во Куманово, сите од познати кластери

Редакција

Избегнувајте алкохол, пијте вода за празниците препорачуваат од ИЈЗ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница